Ракометната репрезентација на Македонија попладнево во 18 часот го започнува осмиот настап на Европските првенства со дуел против актуелниот олимписки шампион, Франција. Репрезентацијата која тежи шест светски титули и по три европски и олимписки е апсолутен фаворит и не треба да се трошат зборови за „експертите“. Сепак, Македонија е една од ретките земји во светот каде ракометот е спорт број еден и предавање во никој случај нема и не смее да има.
Квотите во Sport Life јасно кажуваат кој е фаворит на овој натпревар, но квотата за изненадување на Македонија е фантастична – неверојатни 20. Границата на хендикепот е 10.5 во корист на Франција, но според претходните меѓусебни натпревари, најсигурна варијанта е двојка со хендикеп на Македонија со квота од 1.80.
Македонија на првенството е подмладена, а само тројца ракометари од актуелниот состав имаат постигнато погодок против Франција на претходните четири меѓусебни дуели. Тоа се Пешевски, Кузмановски и Никола Костески, а првите двајца се дел и од понудата на Sport Life за играта „плус-минус“ голови.