Пресврт: Конте презема италијански гигант, но тоа нема да биде Наполи

Веќе неколку дена италијанските медиуми пишуваа дека Антонио Конте налето седнува на клупата на актуелниот шампион на Италија, Наполи. Тој дури и во живо го следеше дуелот на Торино и Наполи и даваше изјави за медиумите, но сега следува комплетен пресврт.

Неофицијално, Конте ги договорил сите детали со раководството на Милан и налето седнува на клупата на тимот од „Сан Сиро“. Ова е голема шлаканица за Наполи, кој сезонава игра катастрофална и прашање е дали воопшто ќе успее да обезбеди пласман во европските купови.

Антонио Конте е без ангажман од март минатата година, кога го напушти Тотенхем.

- Оглас -

Најнови вести