Приредувачите на игри на среќа пред Собранието на Република Македонија денеска излегоа на предупредувачки протест против измените на Законот за игри на среќа зад кои се кријат лични интереси.
Луѓето кои денеска излегоа на предупредувачки протест се само мал број од оние кои би останале без егзистенција доколку се донесат законските измени.
„Нека излезат пратениците и нека ги погледнат луѓето во очи. Загрижува како пратениците носат ваков закон. Се кријат зошто носат ваков закон. Ова носи затворање на легалните приредувачи на игри на среќа. Личните апетити се поголеми од грижата за европскиот пат на Македонија”, порача Васко Илијевски од АСОМ.
Едно од барањата на протестот е да се присуствува на Комисијата за европски прашаа согласно законот, а доколку не бидат исполнети барањата, протестите ќе продолжат.
„Ова води до целосно згаснување на една легална стопанска гранка и оставање на улица повеќе од 10.000 вработени“, рече Горан Стоименов од Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа кој додаде дека доколку се донесат измените на законот за игри на среќа, државата ќе изгуби најмалку пет милиони евра во буџетот.