Ракометарите добија поддршка од легендите: Играјте за вас, за вашите семејства и за Македонија! (Видео)

Ракометната репрезентација на Македонија денеска од 18 часот со дуелот против Франција го отвора Европското првенство, а поддршка за ракометарите дадоа и поранешните репрезентативци Стојанче Стоилов и Филип Лазаров.

Македонија на „Меркур Шпил арена“ во Дизелдорф ќе испише историја бидејќи ќе игра пред повеќе од 50.000 навивачи и тоа ќе биде најгледан ракометар, а Стоилов и Лазаров им порачаа на избраниците на Кирил Лазаров да играат храбро, борбено, без притисок.

„Момци, само храбро, борбено и без притисок. За вас, за вашите семејства и за Македонија. Со среќа“, им порача Стоилов на ракометарите.

„Дечки со среќа на ЕП, верувајте едни во други, верувајте во вашите квалитети. Многу сте добри и очекуваме добри резултати од вас и победа. Многу среќа“, е пораката на Филип Лазаров.

 

- Оглас -

Најнови вести