Срамота во Ријад, никој не очекуваше ваков скандал пред дуелот меѓу мадридските ривали (Видео)

Саудиска Арабија е домаќин на завршницата од Супер купот на Шпанија, но уште на стартот се случи скандал. Пред почетокот на мечот меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид играчите застанаа мирно за да му одадат почит на неодамна починатата фудбалска легенда, Франц Бекенбауер.

Додека фудбалерите мирно стоеја во чест на Германецот кој почина на 7 јануари на 78 години, од трибините на стадионот се слушаа свирежи. Едноставно на трибините на стадионот во Ријад имаше луѓе кои не можеа или не сакаа да молчат една минута во чест на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

 

- Оглас -

Најнови вести