Реал Мадрид ја доби драмата во која имаше осум гола против градскиот ривал Атлетико (Видео)

Реал Мадрид со 5:3 го победи Атлетико Мадрид во првиот меч од полуфиналето во Суперкупот на Шпанија. Драматичен беше дуелот на неутрален терен во Ријад, Саудиска Арабија, а победникот на крајот се реши по 120 минути игра.

Атлетико поведе со 1:0 со голот на Хермосо, а потоа Рудигер израмни на 1:1.

До крајот на првиот дел имаше уште по еден погодок во двете мрежи. Менди прво донесе радост за водство на Реал од 2:1, а потоа Гризман израмни на 2:2.

Во второто полувреме Рудигер си постигна автогол за предност на Атлетико од 3:2 во 78 минута, но Дани Карвахал израмни на 3:3 во 85 минута, што беше резултат и по 90 минути игра, па мораа да се играат продолженија.

Во дополнителните 30 минути беше мирно се до 116 минута кога Савиќ си даде автогол и Реал Мадрид поведе со 4:3. Во последните моменти од средбата, сите играчи на Атлетико, вклучувајќи го и голманот Облак тргнаа во напад, па тоа го искористи Дијаз кој стави точка на овој неверојатен меч за конечни 5:3.

- Оглас -

Најнови вести