Сопственикот на Челзи, Тод Боли, е подготвен повторно да направи шокантен трансфер и да плати повеќе од 100 милиони евра за фудбалерот на Брајтон, Еван Фергусон.
Откако ги купи Сините од Роман Абрамович, американскиот милијардер стана редовен муштерија на Брајтон бидејќи на „Стемфорд бриџ“ веќе ги донесе Марк Кукуреља за 65 милиони евра и Мојзес Каиседо за рекордни 115 милиони.
Засега и двајцата фудбалери не ги оправдаа очекувањата, но тоа не го обесхрабрува Боли да започне преговори со челниците на Брајтон за трансферот на Фергусон.
Според англиските медиуми, Челзи е подготвен да плати најмалку 115 милиони евра колку што бара Брајтон за Фергусон, кој се смета за еден од најталентираните напаѓачи во Премиер лигата.
Наводно овој трансфер би се реализира само доколку Челзи не успее да го ангажира напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен.
Ирецот сезоната досега одигра 24 натпревари и постигна само шест гола.