Стравичен пад на норвешки скијач, Килде неколку секунди лежеше на патеката пред да биде пренесен со хеликоптер во болница (Видео)

Норвешкиот скијач Александер Омот Килде имаше стравичен пад за време на спустот кој се возеше на патеката во Венген. Килде на еден од свиоците загуби контрола врз скиите и со брзина од 145 километри на час се заби во заштитната ограда.

Тој неколку секунди лежеше неподвижен на патеката, и веднаш до него дојдоа лекарските екипи кои по укажаната помош, го пренесоа со хеликоптер во најблиската болница.

 

Засега нема информации за тежината на повредата на Килде и дали ќе мора долго да отсуствува од скијањето.

Победник на спуст трката во Венгер е Марко Одермат со време од 2:25.64 минути и беше за 59 стотинки побрз од второпласираниот Сиприен Саразан. Последното место на победничкиот подиум му припадна на Доминик Парис кој заостана 1.92 секунда зад победникот.

- Оглас -

Најнови вести