Наполи едвај, со гол во 96-та минута го победи најслабиот тим во Серија А (Видео)

Фудбалерите на Наполи со 2:1 ја совладаа Салернитана во мечот од 20-то во Серија А.
Актуелниот италијански шампион кој игра далеку под очекувањата на навивачите, до трите бода над последнопласираниот тим во Серија А дојде со гол во судиското продолжение. Човек на одлука беше Амир Рахмани во 96-та минута.

Фенерџијата на табелата го најави изненадувањето со голот на Антонио Кандрева во 29-та минута.

Во последните миниту од првото полувреме, Наполи преку Марко Политано кој го реализира ударот од белата точка, дојде до израмнување.

По победата, Наполи се искачи на шестото место на табелата со 31 бод, дури 17 помалку од лидерот Интер кој вечерва игра Монца.

Во вториот натпревар кој се играше од 15 часот, Џенова и Торино одиграа без голови.

- Оглас -

Најнови вести