Репрезентацијата на Фарски Острови го направи најголемото изненадување на Европското првенство откако одигра 26:26 против апсолутниот фаворит Норвешка. Неверојатен беше дуелот во „Мерцедес-бенц арената“ во Берлин, а на крајот Фарски Острови освои историски прв бод на големи натпреварувања.
✨
The Grundfos Player of the Match Elias Ellefsen á Skipagøtu gives his country the first point of its history at the EHF EURO #ehfeuro2024 #heretoplay pic.twitter.com/bepWyxVqQv
— EHF EURO (@EHFEURO) January 13, 2024
Селекцијата на Фарски Острови е дебитант, но покажува дека не случајно е дел од елитата. Во првото коло Фарски Острови по голема борба загуби од Словенија со 29:32, а сега останаа непоразени против Норвешка.
Во текот на целиот меч резултатот беше неизвесен. На 8 минути до крајот, беше 23:23, а потоа Норвешка со низа од 3:0 стигна до 26:23 на 100 секунди до крајот. Многумина помислија дека победникот веќе се знае, но дебитантот не се предаде.
Фарски Острови даде два гола по ред и на 15-тина секунди до крајот намалија на 25:26. Норвешка го имаше последниот напад, но ја загубија топката и направија фаул по кој следуваше пенал за Фарски Острови на четири секунди до крајот. Дебитантот даде гол за лудница меѓу 5.000 навивачи во Арената.
Во останатите два меча со кои се комплетираше денешната програма на ЕП, немаше никакви дилеми. Данска славеше над Грција со 40:28, а Шведска беше уште поубедлива и со 42:26 го декласира дебитантот Грузија. Со 42 дадени гола Шведска го израмни рекордот по бројот на постигнати голови на ЕП. Пред две години, Норвешак постигна 42 погодоци против Полска за победа од 11 гола разлика.