Голем кикс: Жирона не победи на гостувањето кај фенерџијата во шпанското првенство

Екипата на Жирона одигра без голови на гостувањето кај Алмерија во меч од 20 коло на шпанското првенство. Ова е голем кикс за Жирона која е лидер во Примера, посебно ако се знае дека Алмерија е убедливо последна на табелата со само шест бода и без ниту една победа.

Прв пат сезонава Жирона одигра меч без голови и тоа е чудно затоа што Алмерија ја има најслабата одбрана во шпанското првенство со просек од преку два примени погодоци сезонава.

На теренот Жирона не делуваше како тим кој е прв на табелата и тим со најефикасен напад, па во 90+ минути против Алмерија имаше само еден удар во рамките на голот на противникот. Со таков биланс, не е ни чудо што фаворитот не успеа да постигне гол.

Жирона сега има 49 бодови, еден повеќе од Реал Мадрид, но Кралевите имаат меч помалку. Реал вечерва ќе игра против Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија и тоа на неутрален терен во Ријад, Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести