Македонија и Германија играат вечерва во Берлин во рамките од второто коло на ракометното Европско првенство, а македонската заедница во Германија упати реакција поради честата погрешна употреба на придавката „северномакедонски“ во германските медиуми.
Во реакцијата се потенцира дека придавката која треба да се користи за Македонија е „македонски“ и така треба да се именува нашиот јазик, нација и се што е поврзано со нашата земја. Иако оваа порака е испратена уште пред една година, во странските медиуми уште може да се слушне неправилно користење на придавката, која е толку едноставна да се запамти и правилно да се користи, а тоа е „МАКЕДОНСКИ“.