Реал ја понижи Барселона и го врати трофејот од Супер купот во Мадрид (Видео)

Реал Мадрид на убедлив начин дојде до трофејот од шпанскиот Супер куп, откако со убедливи 4-1 ја совлада Барселона во финалето кое се одигра во Ријад, Саудиска Арабија. Со тоа „кралевите“ се израмнија по бројот на трофеите во ова натпреварување со најголемиот ривал и сега двете екипи имаат по 14 титули.

Натпреварот започна одлично за „кралскиот“ клуб, откако Винисиус со два гола во седмата и десеттата минута дојде до брзо водство од 2-0. До крајот на првиот дел Левандовски намали на 2-1, а Винисиус дојде до хет-трик за убедливи 3-1 на паузата.

Единствениот погодок во второто полувреме беше дело на Родриго во 64-тата минута, со што беа поставени конечните 4-1 на овој натпревар.

Головите од првото полувреме може да ги погледнете ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести