Поразот од Милан во дербито во Серија А и лошата игра сезонава на Рома ги натера челниците на Римската волчица сериозно да размислуваат за смена на тренерот Жозе Мурињо, објавија италијанските медиуми.
Според „Спортмедијасет“, управата на Рома е незадоволна од работата на Мурињо и сака да го отпушти неколку месеци пред истекот на договорот и на неговото место да го донесе легендарниот капитен Даниеле де Роси.
Sport Mediaset: Daniele De Rossi is among the first names on Roma’s list to replace Mourinho mid-season https://t.co/pjnyO2Ej0S
— RomaPress (@ASRomaPress) January 14, 2024
Де Роси дресот на Рома го носеше од 2001 до 2019 година и одигра 616 натпревари, на кои постигна 63 гола и имаше 60 асистенции.
Тој тренерската кариера ја започна во 2022 година во СПАЛ, од каде што точно пред една година доби отказ.