Заврши одисејата на Специјалниот во Римската волчица 

Жозе Мурињо од утринава повеќе не е тренер на Рома откако управата на италијанскиот тим одлучи да му врачи отказ на Португалецот поради слабите резултати.

„Би сакале да му се заблагодариме на Жозе за сè што направи за Рома, како и за неговата пасија која ја донесе во клубот. Секогаш ќе имаме одлични сеќавања на неговата работа во Рома, но веруваме дека во интерес на клубот е да се направи оваа промена. Им посакуваме сè најдобро на Мурињо и неговиот тренерски тим“, соопштија сопствениците и први оперативци на Рома, Ден и Рајан Фридкин.

https://twitter.com/ASRomaEN/status/1747173273371136269?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1747173273371136269%7Ctwgr%5Ea6cbdd4d5d36ba168807bc532f25fe145f67fb99%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.redditmedia.com%2Fmediaembed%2F197y1tp%2F%3Fresponsive%3Dtrueis_nightmode%3Dfalse

Рома сезонава игра далеку под очекувањата, во 20 натпревари во Серија А доживеа седум порази и има само осум триумфи, а мечот кој му пресуди на Мурињо беше неделното дерби против Милан кое Росонерите го добија со 3:1.

Мурињо во Рома пристигна во мај 2021 година, кога стана 60-тиот тренер во историјата на клубот. Специјалниот следната година со Рома триумфира во Лигата на конференции, а минатата сезона играше и во финалето на Лигата на Европа, но не успеа да го крене трофејот.

Како наследник на Мурињо на клупата на Рома се споменува легендарниот капитен на римскиот тим, Даниеле де Роси.

- Оглас -

Најнови вести