Македонските најверни навивачи се загреваат пред дуелот против Швајцарија во меч од третото коло на Европското првенство. Македонија има два порази, Швајцарија е со реми и пораз и сега во меѓусебен дуел треба да решат кој тим ќе го избегне „фенерот“ во групата.
И покрај лошите резултати од првите два меча, популарната „Фаланга“ е во одлично расположение и очекува конечно нашите ракометари да донесат радост. За тоа дека владее пријателство, покажува и фактот дека на една иста маса заедно седат навивачи на Македонија, Швајцарија и Германија.
Секогаш каде што е Фалангата, таму е и навивачката песна.