Започна егзодусот од Саудиска Арабија, прв кој официјално повлече нога е Хендерсон, кој се сели во Холандија

Поголем број фудбалски ѕвезди минатото лето ги прифатија богатите понуди од екипите од Саудиска Арабија, но набрзо зажалија за тој потег и прв кој повлече нога и се врати во Европа е поранешниот капитен на Ливерпул, Џордан Хендерсон.

Хендерсон откако го раскина договорот со Ал-Етифак, се врати во Англија, а денеска одлета за Амстердам, каде што треба да потпише договор со холандскиот гигант Ајакс.

Хендерсон и Ајакс ги договорија личните услови и за очекување е во текот на денот англискиот репрезентативец да биде промовиран како нов играч на холандскиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести