Кошаркарите на Црвена ѕвезда доживеаја неверојатен пораз, откако останаа покуси за половина кош против шпанска Басконија. „Црвено-белите“ од Белград имаа водство од 12 поени разлика и се чинеше контрола на натпреварот, но така не мислеа гостите од Баскија.
Гостинската екипа не само што успеа да се врати во мечот, туку дојде и до највисоки +12 во второто полувреме, а во последните 30-тина секунди влезе со предност од пет поени, кои на крајот лесно можеше и да ги испушти.
Следуваше пеколен финиш, многу фаули, бркотница по теренот, но „баскијците“ подобро се снајдоа и победија со 91-90.
Хауард од победничата екипа со 32 поени беше незадржлив на теренот, додека Матеус со 26 поени беше најефикасен во редовите на Црвена ѕвезда.