Би било вистински хит: Мурињо добива нова работа и тоа во Саудиска Арабија

Жозе Мурињо нема да биде долго време без работа. Португалскиот стратег кој пред неколку дена доби отказ од тимот на Рома, веднаш е главен кандидат за да пронајде нов предизвик.

Според извештаите од Саудиска Арабија, Мурињо се очекува да седне на клупата на тимот на Ал-Шабаб. Специјалниот досега неколку пати потенцираше дека одбивал неверојатни понуди од Саудиска Арабија за да остане во Рома, но сега откако доби отказ, најавите се дека Мурињо сигурно ќе замине во оваа арапска земја.

Најавите се дека Мурињо и челниците на Ал-Шабаб веќе имаат постигнато усмен договор.

https://twitter.com/i/status/1748113914221457695

Мурињо на клупата на Ал-Шабаб треб да го замени Игор Бишчан, кој го предводеше тимот до разочарувачки резултати. Ал-Шабаб моментално е на 11 место на табелата во Саудиска Арабија

- Оглас -

Најнови вести