Карабатиќ е рекордер на ЕП, но уште на ова првенство може да биде симнат од врвот од друга легенда

Легендата на францускиот ракомет, Никола Карабатиќ, со петте погодоци против Хрватска дојде до бројка од 289 голови на европските првенства и го симна од врвот исланѓанецот Гудјон Валур Сигурдсон.

Сепак, французинот кој веројатно го игра своето последно Европско првенство, уште на овој шампионат може да биде симнат од врвот и тоа од уште една ракометна легенда.

Легендата на репрезентацијата на Данска, Микел Хансен, кој слично како и Карабатиќ веројатно го игра последното Европско првенство во својата кариера, до сега има постигнато 276 голови, па многу лесно може да се случи да го мине Карабатиќ на врвот.

Хансен во досегашниот тек од првенството има постигнати пет голови повеќе од Карабатиќ, но и повеќе игра, а до крајот на континенталниот собир треба да одигра уште пет натпревари, колку Данска се пласира во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести