Младиот Литлер испиша историја во пикадото, и противникот му аплаудираше (Видео)

Тинејџерот Лук Литлер кој го привлече вниманието врз себе со игрите на Светското првенство во пикадо каде стигна до финале, сега го освои Мастерсот во Бахреин и тоа му е прва титула во кариерата.

Честитка по повод титулата, дојде и од фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед, за кој навива овој 16-годишен играч на пикадо.

Литлер играше фантастично на целиот турнир, а во четвртфиналето имаше и „чистење“ од 501 до 0 со минимални девет фрлања. Публиката беше во транс, а и противникот му аплаудираше за подвигот кој се смета за врв во пикадото.

https://twitter.com/i/status/1748393857169961312

- Оглас -

Најнови вести