Се чини дека преодниот рок за Реал Мадрид се уште не е завршен. Откако беше неуспешна мисијата да се ангажира Фримпонг од Баер Леверкузем, пред се поради високата цена која ја поставија „фармацефтите“, сега Реал Мадрид е пред потпис со дефанзивец од Серија А.
Станува збор за репрезентативецот на Холандија и член на Интер, Дензел Дамфрис. „Кралскиот“ клуб е подготвен да плати дури 50 милиони евра за услугите на фудбалерот чиј договор истекува летото 2025-тата година.
Интер таа би имал голема заработка, бидејќи во 2021-вата година го купи за само 14 милиони евра. Дамфрис за Интер настапи на 118 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна девет погодоци, додека 18-пати асистираше.