Довбик со хет-трик за 6 и пол минути, веројатно ја враќа Жирона на прво место (Видео)

Украинскиот напаѓач Артем Довбик, постигна три гола за само 6,32 минути на дуелот со Севилја, и донесе водство на Жирона од 3-1 откако гостите поведоа со 1-0.

Довбик погодуваше во 13-та 16-та и 19-та минута, па сега Жирона има два гола предност и ако победи, ќе се врати на чело на табелата со бод повеќе од Реал Мадрид, со тоа што Кралскиот клуб има и одиграно еден меч помалку од Каталонците.

Уште од 1960-та година наваму не беше видено во шпанската лига некој да има три гола пред да поминат 19 минути од еден меч.

- Оглас -

Најнови вести