Алкарас доминантно до своето прво четвртфинале во Австралија, и Медведев без проблеми

Утрово немаше изненадувања во осминафиналните дуели на тенискиот гренслем Отворено првенство на Австралија, победија сите фаворити, кој полесно, кој потешко.

Карлос Алкарас со 6-4, 6-4, 6-0 го надигра Миомир Кецмановиќ и се пласира во своето прво четвртфинале на Отвореното првенство на Австралија. Ривал на Алкарас ќе му биде Александер Зверев, кој се мачеше и во пет сета славеше над Камерон Нори.

Победникот од Алкарас – Зверев во полуфиналето ќе оди на подобриот од четвртфиналето Медведев – Хуркач. Русинот со 3-1 во осминафиналето го победи Боржес, а Полјакот со 3-0 го совлада пријатното изненадување Казо, кој настапи со вајлд-карта.

Другите две четвртфиналиња се Ѓоковиќ – Фриц (Американецот кој е 12-ти на АТП-листата е единствен четвртфиналист кој не е во топ 10 рангирани на светот) и Синер – Рубљов.

- Оглас -

Најнови вести