Дали Винисиус даде гол со рака или рамо на вчерашниот меч Реал Мадрид – Алмерија е главна тема околу која фановите во Шпанија се поделени, а Бразилецот преку социјалните мрежи даде свое мислење.
Винисиус уште веднаш по голот покажуваше дека топката ја удрил со рамо и дека голот е регуларен, а потврда доби по прегледување на снимката. Сепак, многумина тврдат дека голот не е чист и дека топката го удри во рака.
„Голчиште!!! Ова го правам цело време на плажа на Копакабана“, порача Вини и додаде снимка од голот.
Gol Vini Jr. pic.twitter.com/APlW2aIgtS
— Seputar Real Madrid (@SeputarMadrid) January 22, 2024