Сега е официјално: Во Мадрид ќе се возат трки во Формула 1

Главниот град на Шпанија, Мадрид, ќе биде домаќин натреката во Формула 1 за Големата награда на Шпанија од 2026 до 2035 година, објави Светската автомобилистичка федерација (ФИА).

„Мадрид е неверојатен град со неверојатно спортско и културно минато, а со денешната објава започнува ново возбудливо поглавје за Формула 1 во Шпанија“, изјави Стефано Доменикали, извршен директор на Формула 1.

https://twitter.com/F1/status/1749726615553155369?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1749726615553155369%7Ctwgr%5E33c0f2d52f108bbcefe16db4f8da7fee53dc3673%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportklub.n1info.rs%2Fautomoto%2Fformula-1%2Fmadrid-domacin-trka-formule-1-od-2026-do-2035%2F

 

Последен пат Мадрид бил домаќин на трка во Формула 1 во 1981 година, и тоа на патеката „Харама“, која се наоѓа северно од градот. Новата патека ќе биде долга 5,47 километри, а трката ќе може да ја следат повеќе од 110.000 фанови, со можност оваа бројка да се зголеми на 140.000.

Формула 1 ги продолжува преговорите и со Барселона за евентуално продолжување на договорот трки да се возат и на патеката „Каталуња“. Барселона со Ф1 има договор до 2026 година да биде домаќин на трката за Големата награда на Шпанија.

- Оглас -

Најнови вести