Легендарната тенисерка од поранешна СФРЈ, која подоцна играше и под американско знаме, Моника Селеш, се огласи по изјавата на Новак Ѓоковиќ дека токму таа му била еден од идолите.
Ѓоковиќ со триумфот над Тејлор Фриц се пласира во полуфиналето на Отвореното првенство на Австралија и притоа го израмни рекордот што го држеше токму Селеш, за најмногу победи по ред во Мелбурн.
Новак не беше свесен за тоа и кога слушна дека се израмнил со Селеш, изјави дека токму поранешната тенисерка му била еден од идолите кога почнал да „другарува“ со рекетот.
„Одамна престанав да ги бројам титулите кои Новак ги освои на гранслем-турнирите бидејќи знам дека ќе ги собори сите рекорди. Жалам што не игравме во иста ера бидејќи би било убаво да игравме заедно во мешани двојки. За мене,тоа би било прекрасно. Ти благодарам Новак на убавите зборови“, се огласи Селеш на социјалните мрежи.
Monica Seles on Novak Djokovic pic.twitter.com/qYx7khNQIY
— Abhimanyu (@abhimanyusrt) January 24, 2024