Неверојатно, Брегот на Слонова Коска го смени селекторот среде Африканското првенство!

Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата Коска донесе една необична одлука, среде Африкански куп на нациите, чии домаќини се тие, го разрешија селекторот Жан Луј Гасе.

Иако БСК претрпе два порази во трите кола во групната фаза, уште има шанса да влезе во осминафиналето како еден од најдобрите третопласирани тимови, па затоа и смената среде првенство е шок за многумина, иако поразот од 0-4 завчера против Екваторијална Гвинеја беше болен и понижувачки.

На местото на 70-годишниот Французин Гасе како привремено решение функцијата ќе ја врши неговиот досегашен помошник Емерсе Фае.

- Оглас -

Најнови вести