Победата на Франција над Унгарија од 35-32 значи дека полуфиналните парови на Европското првенство во ракомет за мажи ќе бидат Франција – Шведска и Данска – Германија.
На Унгарците им требаше победа против Триколорите за да ги задржат шансите за место во полуфиналето, но немаа сили за изненадување против досега непоразената Франција. Вака домашната Германија уште пред да го одигра вечерашниот меч со Хрватска, има обезбедено полуфинале. Унгарија ќе игра за петто место против Словенија.
Франција и Германија се меѓу четирите најдобри на ЕП, а тоа се две селекции коишто играа со Македонија во првата групна фаза во Дизелдорф и Берлин, што докажува во какво друштво беа избраниците на Кирил Лазаров.