Голманот Доминик Кузмановиќ дури со 22 одбрани од 46 шута кон неговиот гол беше јунак во победата на Хрватска над Германија од 30-24 во меч без резултатско значење на Европското првенство во ракомет.
Уште пред мечот се знаеше дека Германија е полуфиналист и таму ќе игра со Данска, а Хрватска испаѓа и ќе игра квалификации за Олимписките игри, па во Келн во преден план беа голманите, особено хрватскиот, кој имаше неверојатен учинок.