Легендата Андриј Шевченко е избран за нов претседател на Украинската фудбалска асоцијација. Тој денеска беше единствен кандидат за претседател на Конгресот на УАФ одржан во Киев.
За 47-годишниот Шевченко гласаа 93-ца делегати, а еден не гласаше, и тоа самиот Шева. Некогашната ѕвезда на Динамо Киев, Милан и Челзи, беше селектор на украинската репрезентација од 2016 до 2021 година, а од ноември 2021 до јануари 2022 беше на клупата на Џенова.
Инаку, актуелниот селектор и пријател на Шевченко, Серхиј Ребров, ќе биде заменик претседател на Фудбалската федерација.