Фудбалската федерација на Брегот на Слоновата Коска испрати барање до Француската федерација да ѝ го позајми селекторот на женската репрезентација, Ерв Ренар, до крајот на Африканскиот куп на нациите.
Слоновите, кои се домаќини на Африканскиот куп на нации, по натпреварот од последното коло од групната фаза му врачија отказ на селекторот Жан-Луј Гасе поради лоши резултати, но успеаја да се пласираат во нокаут-фазата.
https://twitter.com/eurofootcom/status/1750549435682025734
Бидејќи противник во нокаут-фазата им е бранителот на трофејот, Сенегал, челниците на Федерацијата на Брегот на Слоновата Коска сакаат да го „позајмат“ Ренар до 29 јануари.