Вечното кошаркарско дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички кое наместо во Аеродром, се играше во салата „Независна Македонија“ завшри 91:95.
Ова е прва победа за Работнички во дуелите со најголемиот ривал по осумте порази во низа. Последен пат Работнички славеше во 2021 година (75:74), а првиот дуел кој се играше сезонава МЗТ Скопје го доби со 73:59.
Кошаркарите на Работнички откако во петатата минута направија серија од 0:8 и поведоа со 11:19, ја имаа контролата врз резултатот сè до последната четвртина, во која шампионот успеа да се врати во игра, но немаше сили да направи голем пресврт.
Тимот од Градски парк во последната четвртина дојде до предност од 21 поен (61:82), но Металците не се предадоа и успеаја да се вратат во игра, намалија на 88:93 на 76 секунди до крајот, но немаа сили за пресврт. На крајот, Работнички славеше со 91:95.
Декоси со 23 и Ѓуроски беа најрасположени за игра кај Работнички, додека кај МЗТ Скопје, Танасковиќ постигна 26, а Војдан Стојановски 18 поени.
По триумфот, кој беше петти во низа, Работнички има скор од 11 победи и четири порази и е трет на табелата, додека шампионот го доживеа вториот пораз по ред, но и покрај тоа, останува лидер на табелата со 12 победи и три порази.