Репрезентацијата на Данска се пласираше во финалето на Европското ракометно првенство, откако со 29:26 славеше над Германија во Ланхес арената во Келн. Иако Германија беше домаќин и ја имаше поддршката од речиси 20.000 навивачи, Данска покажа дека е поквалитетна селекција и заслужено ќе игра во финалето, против Франција која во неверојатен меч беше подобра од Шведска.
Германија беше многу помотивирана на почетокот од мечот. Домаќините поведоа со 3:1 и во текот на првите 30 минути го контролираше резултатот. Панцерите имаа највисоко водство од 13:10 и 14:11, а на полувреме заминаа со два гола позитива.
https://twitter.com/i/status/1750984984855208288
Данска се „разбуди“ во второто полувреме. Брзо стигнаа до 14:14, а прв пат поведоа со 16:15 и од тој момент, па до крајот ниту еднаш не дозволија на Германија да има предност.
Беше 17:17, кога Данска даде два гола во низа, а потоа фаворитот прв пат стигна и до три позитива (21:18). На шест минути до крајот, беше 27:22 за Данска и една ваква квалитетна селекција немаше шанси да прокоцна водство што ќе ги одведе до финалето против Франција.