Го постигна најневеројатниот гол на ЕП, а потоа дополнително ги „пецна“ Швеѓаните

Франција и Данска ќе играат во финалето на Европското првенство во ракомет, а посебно ќе се памти дуелот по кој Галските петли стигнаа до мечот за златото. Франција мораа да одиграат дополнителни 10 минути против Шведска, откако во регуларните 60 минути беше нерешено.

Франција беше пред пораз, кога Елохим Пранди со гол од слободен удар од 11 метри во последната секунда донесе реми, по кое следуваа продолженијата, а таму доминираа Галските петли.

https://twitter.com/i/status/1750948385610231924

По завршување на мечот, Пранди рече дека ова било дуел кој Французите едноставно не можеле да го загубат.

„Голот во последната секунда? Па тоа е дел од мојата работа. Чувствував дека е невозможно денеска да загубиме“, рече Пранди по мечот со Шведска.

- Оглас -

Најнови вести