Партизан почна очајно, но заврши сјајно

Екипата на Партизан ги израдува домашните навивачи во „Штарк арената“ во Белград, откако со 81:72 славеше над Жалгирис, во меч од 23. коло на кошаркарската Евролига. За Партизан ова беше 12-та победа и моментално е на 10 место на табелата. Жалгирис остана со само осум триумфи и сега има дури 15 порази, со теоретски шанси да се бори за плејофот.

Лошо започна мечот за Партизан. Гостите поведоа со 15:4 и во текот на целата прва четвртина беа во предност. Црно-белите се вратија во вторите 10 минути и на полувреме заминаа со предност од два разлика (45:43).

Во второто полувреме Партизан во ниту еднаш не му дозволи на противникот да поведе, но домаќините и немаа некоја сигурна предност, а клучна беше серијата од 8:0 во последната четвртина, кога од 65:61, резултатот стигна до 73:61 за Партизан и победникот беше познат.

Во останатите мечеви кои се играа денеска во Евролигата постигнати се следните резултати: Анадолу Ефес – Монако 78:80, Басконија – Валенсија 62:77 и Милано – Барселона 74:70.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести