Капитенот на македонската ракометна репрезентација Никола Митревски, излезе со реакција по ждрепката во Келн на кој Македонија за противник ја доби селекцијата на фарски Острови во баражот за пласман на Светското првенство кое ќе се игра следната година.
„Добивме еден од помалку посакуваните противници во баражот. И покрај ова ние ќе влеземе како фаворити и тоа треба да го искористиме. Фарски Острови е селекција која е во подем, играат брз ракомет, има играчи кои играат во Бундес-лигата и нивната игра се темели на квалитетите на тие играчи. Доколку бевме од другата во ждрепката и го добиевме овој противник, секако дека ќе бевме задоволни. Треба да се подготвиме за нив и да го продолжиме континуитетот на пласман на големите натпреварувања“, изјави Митревски.