Пресвртот во Гран Канарија повторно ги искачи Кралевите на врвот во Ла Лига (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид ја продолжуваат победничката серија во Ла Лига откако денеска со пресврт го совладаа Лас Палмас со 2:1.

Кралевите ја остварија петтата победа по ред во Ла Лига и се вратија на првото место со 54 бода, два повеќе од Жирона.

Реал до трите бода дојде до пресврт откако Лас Палмас поведе на стартот од второто полувреме со голот на Хавиер Муроз.

По примениот гол, Кралевите ја презедоа контролата и притисокот вроди со плод во 65-та минута кога Винисиус жуниор го израмни резултатот.

Трите бода за Реал ги обезбеди Орелијан Чуамени во 84-та минута, само три минути откако влезе во игра.

- Оглас -

Најнови вести