Грк во Истанбул во стилот на Кецман, даде кош каков што се гледа еднаш во деценија (Видео)

Неверојатна кошаркарска „драма“ се одвиваше во последните моменти од мечот меѓу Бахчешехир и Фенербахче во турскиот шампионат кој ги остави домашните фанови во шок.

Иако изгледаше дека домашниот тим ќе приреди сензација и ќе го победи фаворитот, грчкиот кошаркар Јоргос Папајанис не мислеше така и го постигна кошот на деценијата.

Имено, Бахчешехир на помалку од две секунди до крајот постигна поени за водство од 96:93 и сите во салата почнаа да ја прославуваат победата на домашниот тим.

https://twitter.com/i/status/1751324414111555678

Но, така не мислеше Папајанис кој од својата половина, во стилот на поранешниот кошаркар на Партизан, Душан Кецман, кога во финалето на АБА-лигата од сопствениот рекет ја исфрли топтата пред звукот на сирената и погоди.

Во продолжението, домашните кошаркари не успеаја да се соземат од шокот и загубија со 105:110.

- Оглас -

Најнови вести