Фудбалерите на Олимпик Марсеј и Монако одиграа 2:2 во дербито на 19-то коло од француската Лига 1.
Монако натпреварот го заврши со деветмина фудбалери на теренот поади исклучувањата на Марипан и на Закарија, со десетмина беше речиси цел меч, но ниту тоа не му беше доволно на домаќинот да слави, што сигурно го налути тренерот Џенаро Гатузо.
Монако дури водеше во два наврати, поведе со голот на Бен Једер уште во седмата минута, а во последните моменти од првиот дел преку младиот Аклиш.
Домашниот тим до бод дојде благодарение на головите на Обамејанг и на Балерди.