Нов доказ дека судиите ги „сакаат“ Кралевите: Судија му признава на капитенот на Кралевите дека Родриго требало да добие црвен картон 

Бурата околу судењето во Ла Лига и помошта која ја добива Реал Мадрид не стивнува втора недела по ред, а сега се појавија нови докази дека судиите на Кралевите им погледнале низ прсти и на последниот дуел против Лас Палмас.

Реал во саботата славеше со 2:1 на гостувањето кај Лас Палмас, а судиите им помогнале на Кралевите така што не го исклучиле Родриго.

Камерите на стадионот во Лас Палмас го снимиле разговорот меѓу главниот судија Цезар Сото Градо и капитенот на Реал, Начо, на кој судијата му призна на играчот дека Родриго требало да добие црвен картон поради удирањето на голманот на Лас Палмас во петтата минута. Но, Бразилецот не доби црвен картон.

Ова е второ коло по ред на кое медиумите и фудбалските навивачи го обвинуваат Реал Мадрид дека има помош од судии.

- Оглас -

Најнови вести