Барселона и прозводителот на спортска опрема „Пума“ се многу блиску до историски договор кој на каталонскиот тим би му носел заработка до 200 милиони евра годишно, објави весникот „Спорт“.
Спопред весникот, во изминатиот период се интензивирани преговорите меѓу двете страни со цел што побрзо да биде постигнат договорот.
Доколку дојде до договор, тоа ќе биде најголемиот спонзорски договор за дресови во светот на фудбалот.
Барселона од „Пума“ секоја сезона би добивала загарантирани 115 милиони евра, а оваа сума може да се зголеми и до 200 милиони доколку се исполнат одредени услови.
Но, весникот пишува дека „Пума“ нема намера да стави потпис на договорот сè додека Барселона не ја прекине соработката со американскиот производител „Најки“.
„Најки“ соработува со Барселона од 1998 година и според актуелниот договор на каталонскиот тим, секоја сезона му плаќа 105 милиони евра, а сумата може да се зголеми и до 155 милиони.
Договорот со „Најки“ завршува во 2028 година, а од „Пума“ ѝ понудиле голем бонус доколку Барселона успее да го раскине договорот со американската компанија.