Боксерски шампион со голи раце фати голема анаконда (Видео)

Боксерскиот шампион, како и ММА борец и кикбоксер, Тајрон Спонг стана хит на социјалните мрежи откако се појави видео на кое се гледа како со голи раце фаќа голема анаконда.

Тој на патот наиде на големата змија, но не избега, туку одлучи да се бори со неа. Во еден момент, змијата се обиде да го касне, но Спонг брзо реагираше и потоа успеа да ја фати зад главата и ја стави во возилото.

Спонг во боксерската кариера има перфектни 14 победи во 14 меча, додека како кикбоксер има 107 победи и девет порази.

Тајрон Спонг е роден во Суринам и се претпоставува дека видеото е снимено токму во оваа јужноамериканска земја. Анаконда е џиновска змија која може да нарасне и до 7-8 метри и живее во Јужна Америка.

 

 

- Оглас -

Најнови вести