Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром со четири победи и три порази во досегашниот дел од регионалната АБА 2 лига вечерва го чека нов предизвик, и тоа дуел против Шенчур.
Овој меч треба да биде и пресвртница за аеродромци да се вратат во победнички ритам. Избраниците на тренерот Васко Атанасов загубија трипати во последните четири средби (два во првенството и еден во АБА 2). Шенчур во АБА 2 има три победи и четири порази.
Според коефициентите во Sport Life, МЗТ е фаворит, а границата на хендикеп победа е поставен на 5,5 поени. Освен овој меч, денеска во АБА 2 се играат уште два дуела кои се на понудата во Sport Life.
Синоќа македонскиот преставник ТФТ Скопје загуби од Подгорица со 88:83, а Пелистер утре игра против ГКК Шибенка.