Со победа од 2-1 на незгодното гостување кај Нотингам форест, екипата на Арсенал се загреа за дербито со лидерот Ливерпул в недела. Топчиите заостануваат два бода зад Црвените, па на 4 февруари може да има битка за врвот на Премиер лигата ако Ливерпул утре не победи против Челзи.
Габриел Жезус со гол и асистенција беше најзаслужен за победата. Двата гола Арсенал ги даде во период од седум минути, во 65-тата и во 72-рата.
Букајо Сака, кој погоди за 2-0, втора сезона по ред има „дабл-дабл“ од двоцифрен број голови и асистенции.
Гостите од Лондон наместо рутинска завршница, дозволија да се тресат во финишот откако Таиво Авонији на трети меч по ред им даде гол.