Зидан подготвен да се врати и тоа како тренер на англискиот гигант

Зинедин Зидан веќе три години не е активен во фудбалот. Легендарниот фудбал ја заврши играчката кариера во 2006 година, а потоа се посвети на тренерската работа. Реал Мадрид беше прв и засега единствен клуб во кој Зидан работеше како тренер и беше импресивен.

Францускиот стратег го предводеше Кралскиот клуб до две титули во првенството, две во Суперкупот, три во Лигата на шампиони, две во Суперкупот на УЕФА и две на Светското клупско првенство. Во 2021 година реши да си замине од Реал и оттогаш не работи никаде.

Според последните најави од Англија, Зидан го промовираат како наследник на Јирген Клоп на клупата на Ливерпул. Клоп најави дека по завршување на сезоната сигурно ќе си замине од „Енфилд роуд“ и сега Зидан го промовираат како најсериозен кандидат да седне на тренерското место во англискиот гигант.

Италијанецот Роберто Де Зерби и Шпанецот Чаби Алонсо се тренерите кои истотака се споменуваат како наследници на Клоп, но според последните шпекулации Зидан треба да биде во преден план.

- Оглас -

Најнови вести