На Пелистер му требаа речиси два и пол часа за победа над последниот во АБА 2 лигата

Пелистер ја совлада Шибенка со 85-78, што за битолчани е трета победа сезонава во регионалната АБА 2 лига. Победникот беше одлучен по продолжение од пет минути (во регуларниот дел средбата заврши 69-69), а мечот траеше вкупно 2 часа и 14 минути.

Шибенка е последна на табелата, дното го дели со скопски ТФТ, а денеска даде многу силен отпор.

Јуре Планиниќ со 26 поени и 14 скока беше најкорисен поединец во македонскиот тим, Стефан Мијовиќ имаше придонес од 23 поени и 8 асистенции, а двоцифрен број поени имаа и Александар Костоски (14) и Андреј Маслинко (12).

Следен меч за Зелено-белите во АБА 2 е оној задутре, со Хелиос Домжале.

- Оглас -

Најнови вести