Салфетката на која неформално беше потпишан првиот договор на тогаш 13-годишниот Лионел Меси и Барселона ќе биде ставена на аукција во март годинава, објави акциската куќа „Бонхамс“. Почетната цена на акцијата за салфетката ќе изнесува 381.000 долари.
Еден од најважните документи во историјата на фудбалот е токму салфетката на која 13-годишниот Меси ќе стане член на Барселона.
Во тенискиот клуб Помпеја во Барселона се сретнаа генералниот секретар на каталонскиот тим Карлес Рексач, советникот за трансфери Хосеп Марија Мингуела и Орасио Гаџоли. Причина за средбата беше Гаџоли, кој тогаш му беше агент на младиот Меси да го донесе Аргентинецот во Барселона.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1306608282216345600?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1306608282216345600%7Ctwgr%5E7986ac73793d866045483590b7d65ca8a01cfc84%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.nogomania.rs%2FVest%2FNa-prodaju-cuvena-papirna-salveta-Zna-se-cena-ko-zeli-prvi-ugovor-Lionela-Mesija-pravac-aukcija
Бидејќи во тоа време немаше договори какви што има сега, заверени во суд, на нотар и во општина, во тоа време беше доволно страните да стават потпис на хартија. Бидејќи тие немале никаков лист хартија со себе, келнерот кој ги послужувал им додел салфетка на која се потпишале сите присутни.
„Во Барселона, 14 декември 2000 година и во присуство на господата Мингуела и Оросаио, Карлес Рексач – генерален секретар на Барселона, се обврзува под своја одговорност и покрај некои спротивставени мислења дека ќе потпише со играчот Лионел Меси сè додека се држиме до договорените суми“, пишува на салфетката.
Уште истиот ден договорот го ратификувал тогашниот претседател на Барселона, Жоан Гаспар, и службено е потпишан истата ноќ, а еден месец подоцна каталонскиот тим и официјално го означи почетокот на одисејата на Меси на „Камп ноу“ која траеше 20 години.