Мурињо сака да се врати во еден свој поранешен клуб

Прославениот португалски тренер, Жозе Мурињо, кој во моментов е слободен откако доби отказ од Рома, сака да се врати во Манчестер јунајтед, пишува британскиот „Дејли мејл“.

Според новинарите од овој весник, а се потпираат на извори блиски до Мурињо, Жозе смета дека има незавршена работа на „Олд Трафорд“, од каде што си замина во декември 2018 година.

Мурињо го презеде Јунајтед во 2016 година, во првата сезона ги освои Лигата на Европа и Лига купот на Англија, а во втората беше втор во Премиер лигата зад недопирливиот Манчестер сити. Договорот му беше до 2021, но по серијата лоши резултати, доби отказ.

На Црвените ѓаволи не им оди добро сезонава, Специјалниот можеби мисли дека Ерик тен Хаг ќе треба да си оди, па гледа некаква шанса за враќање на клупата на гигантот.

- Оглас -

Најнови вести