Крилниот центар на шпанската Гран Канарија, Итан Хап, е новото име на списокот на македонската машка кошаркарска репрезентација за претстојните квалификации за Евробаскетот 2025.
Покрај Хап, на листата на кандидати е и Ти Џеј Шортс, кој веќе има играно за Македонија на неколку меча, па селекторот Александар Јончевски ќе треба да одлучи дали од натурализираните ќе користи висок или низок играч.
На 23 февруари во Скопје, Македонија ја пречекува Естонија, а три дена подоцна, на 26 февруари, следува гостување во Полска и тоа ќе бидат први два меча во циклусот квалификации за ЕП 2025.
СПИСОК НА ПОВИКАНИ ИГРАЧИ:
- Ненад Димитријевиќ – Уникс Казан, Русија
- Војдан Стојановски – МЗТ С.А.
- Дамјан Стојановски – МЗТ С.А.
- Андреј Магдевски – Пелистер
- Адем Мекиќ – Задар, Хрватска
- Стојан Ѓуроски – Работнички
- Андреј Маслинко – Пелистер
- Теодор Симиќ – Борац Бања Лука, БиХ
- Бојан Крстевски – МЗТ С.А.
- Кристијан Николов – Капакли Спор, Турција
- Дамјан Робев – МЗТ С.А.
- Виктор Ефремовски – Работнички
- Лејсон Зеќири – Башкими, Косово
- Андреј Андоноски – МЗТ С.А.
- Бобан Стајиќ – Работнички
- Резард Мемед – КБ Или, Косово
- Амар Хот – Пелистер
- Андреј Шошкиќ – Работнички
- Марин Петков – МЗТ С.А.
- Марко Миловановиќ – МЗТ С.А.
- Андреј Митревски – Феникс 2010
- Виктор Ташовски – ТФТ
- Ти Џеј Шортс – Париз, Франција
- Итан Хап – Гран Канарија – Шпанија